Беласица на контролката со Работнички ремизираше

Екипата на Беласица денес, одигра контролен натпревар со прволигашот Работнички, натпревар кој заврши без погодоци, 0:0.

За Беласица оваа е петта контролка во пресрет на почетокот на пролетниот дел од сезоната.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

На последната контролка, Беласица беше поразена со резултат од 3:1, од екипата на Кит-Го од Пехчево.

Натпреварот со Работнички се одигра во Скопје, во населбата Ѓорче Петров, на терен со вештачка трева.

Comments are closed.

Capture