Се одржа општински натпревар по Физика

Во основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј” од населеното место Дабиле се одржа Општински натпревар по физика, на кој учествуваа ученици од четири основни општински училишта „Видое Подгорец, „Сандо Масев“, „Никола Вапцаров“ од Струмица и домаќинот „Св. Кирил и Методиј“. На натпреварот беа пријавени 24 ученици и тоа 16 од осмо одделение и 8 од деветто одделение. Натпреварот се состоеше во решавање на пет нумерички задачи од кои секоја носеше по 20 бода. 27748192_1539402769446481_7994626702003557742_o
Комисијата составена од менторите на самите ученици, после завршување на натпреварот ги прегледаа решенијата на задачите и бодовните резултати за секоја задача. Меѓу осмоодделенците најдобар резултат со максимални 100 поени постигна Илија Боневски, а меѓу учениците од деветтите одделенија најдобар беше Димитар Трајков со освоени 98 поени, а сите ученици се стекнаа со право на учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи за еден месец. Во посета и да ги охрабри учениците беше општинскиот инспектор Зоран Узунов.

27709998_1539402792779812_6703301744477026346_o 27797477_1539402779446480_3603310318839904719_o

Comments are closed.

Capture