КК Струмица загуби на гостување кај Куманово

Кошаркарите на Струмица во натпреварот од 15. коло од кошаркарската Суперлига загубија на гостувањето кај Куманово, со резултат од 93:76.

Фаворитската улога за победа домаќините ја оправдаа и во текот на целиот натпревар ја имаа контролата и водството.

Јаневски со 21 поен ја предводеше листата на стрелци кај Кумановци, додека кај Струмичани најефикасен беше Делипетров со 24 коша.

kosarka

За Куманово оваа беше значајна победа, во борбата за некое од погорните места на табелата, со оглед на тоа што во моментот тие се пласирани на петтото место на табелата со 25 бода, исто колку што има Гостивар кој што е пласиран на 4 место, како третопласираната екипа на МЗТ Скопје.

Струмица останува на последното место на табелата со 17 бодови, исто колку што има и Шкупи од Скопје кој што е пласиран на 11-тото место.

Лидер на табелата е Работничк со 30 бодови, додека на второто место е Блокотехна со 4 бода помалку.

Во следното коло КК Струмица на домашен терен има тежок натпревар против Фени Индустри, екипа која е на седмата позиција со 22 бода, додека Куманово има тешко гостување кај МЗТ Скопје.

Comments are closed.

Capture