Академија Пандев се враќа во Македонија и ќе се подготвува за Шкупи

Екипата на Академија Пандев ги заврши подготовките во Анталија, се враќа назад во Македонија за да се подготви за дуелот со Шкупи во рамките на Првата македонска фудбалска лига.

ФОТО: Академија Пандев

ФОТО: Академија Пандев

За Пандевци оваа ќе биде тежок натпревар, со оглед на тоа што гостуваат во Чаир.

Победата и трите бодови се значајни за двете екипи. Пандевци во моментот по завршување на есенскиот дел, се пласирани на четвртото место на табелата со 25 бодови, додека Шкупи е шести со 2 бода помалку.

Натпреварот се игра на 14 февруари, со што остануваат околу десетина дена за фудбалерите на Академија Пандев да се подготват максимално за оваа дерби.

Comments are closed.

Capture