Фотографии од страшната сообраќајка која ја потресе Струмица

Три лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила 40 минути по полноќ во Струмица.fbdshn

На крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Ристоман Попчевски“ директно се судриле два автомобили марка „Пежо“. Автомобилот „Пежо 308“ го управувала Л.К. (50), а второто „Пежо 407“ со швајцарски ознаки го управувал малолетник роден 2001 година без возачка дозвола. Со него била и седумнаесетгодишна сопатничка.

Од ударот на двете возила „Пежо 308“ удрило во паркиран автомобил „опел астра“.

Од последиците од сударот двајцата возачи и сопатничката биле повредени и се пренесени на лекување во болницата во Струмица.

Полицијата извршила увид на местото на инцидентот.\

 

 

извор: Пресс24.мк

Comments are closed.