На иницијатива на градоначалникот Јаневски се одржа средба за зголемување на безбедноста на граѓаните

Безбедноста на граѓаните е приоритет за градоначалникот Коста Јаневски и општина Струмица. На негова иницијатива, денеска, се одржа средба меѓу претставници на општина Струмица, Секторот за внатрешни работи во Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“. Градоначалникот Јаневски се интересираше за актуелната безбедносна состојба, особено, по последните вандалски однесувања и загрозувања на безбедноста на неколку граѓани. Претставниците на средбата се договорија да се преземат сите мерки за зголемување на безбедноста на граѓаните и за зачувување на јавниот ред и мир.DSC_5423_Copy1 DSC_5430_Copy1 DSC_5431_Copy1 DSC_5432_Copy1 DSC_5434_Copy1 DSC_5436_Copy1

Comments are closed.