Се чистат дивите депонии во Градско Балдовци

Општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започнаа уште една вонредна акција за чистење на дивите депонии во населените места. Денеска се чистат дивите депонии во населеното место Градско Балдовци, покрај реката Тркања кај фудбалското игралиште. Според Бранко Горѓиев, раководител на единицата „Чистота“ во ЈПКД „Комуналец“, станува збор за депонии на кои е фрлен отпад од растително потекло од околните ниви. Во наредните денови чистењето на дивите депонии ќе продолжи во населените места Добрејци и Дабиле.27173561_1535390456514379_2222721637224075329_o 27173987_1535390459847712_7927038150303045545_o

Comments are closed.

POP