Ќе се гради прифатилиште за бездомни животни во Струмица

Членовите на Советот на општина Струмица му дадоа приоритет на проектот за изградба на две прифатилишта за бездомни животни. Прифатилиштата ќе бидат изградени во Струмица и Гевгелија, а ќе значат решавање на проблемот со кучињата скитници во сите општини во југоисточниот плански регион. Носител на проектот е општина Струмица која за негова реализација обезбеди сопствено учество во износ 2.695.961,00 денари од буџетот на Општината за 2018 година.27072669_1981078855266251_6941236625770083885_n
Со утврдениот приоритет се овозможува аплицирање на Јавниот повик за прибирање на предлог проекти за развој на планските региони за 2018 година за користење на средства за финансирање на проекти од буџетот на Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој, а од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година.
Проблемот со кучињата скитници, општина Струмица во последните години го вршеше преку хуман третман, согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.

Comments are closed.