Се уредуваат населените места во општина Струмица

Општина Струмица, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, започнаа заеднички активности за комплетно уредување на населените места и решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите.

27356163_1533500826703342_5570454894387617390_o Ова е едно од ветувањата што на средбите со жителите од месните заедници им го даде градоначалникот Коста Јаневски. Моментално се работи во три населени места и тоа Градско Балдовци, Добрејци и Дабиле. Се врши чистење на каналите во што е вклучена и механизација, се отстрануваат дивите депонии, се реконструираат детските игралишта, се чистат парковите и другите јавни површини, се сервисира постоечкото и се поставува ново улично осветлување. Вакви активности ќе бидат реализирани во сите населени места, а ќе се работи и во урбаните заедници во градот.27164327_1533500830036675_281766318887484014_o

Comments are closed.