КК Струмица гостува кај екипата на Куманово

Кошаркарите на Струмица во сабота во натпревар од 15. коло од кошаркарската Суперлига, гостуваат кај екипата на Куманово.

Домаќините на овој натпревар се пласирани на петтото место на табелата, со вкупно 23 освоени бодови, исто колку што има и Гостивар кој е на четврттото место на табелата.

kosarka

Од друга страна КК Струмица, по доживеаниот убедлив пораз од страна на МЗТ Скопје, повторно „падна“ на последното место на табелата со 16 бодови, исто колку што има и Шкупи кој е место погоре на табелата.

Во овој натпревар Куманово влегува како апсолутен фаворит за победа, пред се поради далеку подобрата игра и форма, како и тоа што кумановскиот тим игра на домашен терен и пред својата публика.

Comments are closed.

POP