Беласица како првопласирана екипа го започнува пролетниот дел од сезоната

Беласица како првопласирана екипа со 30 освоени бодови, го започнува пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток.

На 13 одиграни натпревари екипата на Беласица има реализирано 9 победи, три ремиа и еден пораз, при што фудбалерите на есенскиот шампион имаат постигнато 33 погодоци, што ги прави најефективни, а имаат промено само 6 голови, со што ја имаат најдобрата одбрата во моментот.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

На последните пет натпревари одиграни во есенскиот дел од сезоната, екипата на Беласица има скор од еден пораз, едно реми и три победи.

Пролетниот дел Беласица го стартува со гостувањето кај осмопласираната Победа од Валандово.

Comments are closed.

Capture