Академија Пандев од четвртта позиција го започнува пролетниот дел од сезоната

Екипата на Академија Пандев пролетниот дел од сезоната ќе го започне од четврттото место на табелата. Пандевци во есенскиот дел од сезоната одиграа вкупно 18 натпревари, од кои на 7 имаа победи, на четири одиграле нерешено, додека исто така на седум натпревари загубиле.

Фудбалерите на струмичкот прволигаш постигнале 24 погодоци, а примиле исто така 24. Со вкупно 25 бодови, Академија Пандев е четвртопласирана екипа.

Академија Пандев - Вардар

Академија Пандев – Вардар

На последните пет одиграни натпревари, во рамките на есенскиот дел од сезоната, имаат забележано една победа, против екипата на Пелистер на гостински терен со 3:4, едно реми против екипата на Работнички на домашен терен со минимални 1:1.

Потоа следуваа трите последователни порази, првиот од шампионот Вардар со 0:2 на домашен терен, минимален пораз од Силекс со 0:1 на домашен терен, и убедлив пораз повторно од шампионот Вардар во Скопје од 3:1.

Академија Пандев пролетниот дел го стартува против екипата на Шкупи, која што е пласирана на шесттото место на табелата со 23 бодови, со што бодовите од овој натпревар ќе бидат значајни и за двете екипи, во борбата за некое од повисоките места на табелата.

Comments are closed.