Тиверија од четвртто место го започнува пролетниот дел

Екипата на Тиверија како четвртопласирана го започнува пролетниот дел од сезоната. Во есенскиот дел, Тиверија одигра вкупно 11 натпревари, и забележа 5 победи, едно реми и пет порази, и со вкупно 16 освоени бодови е на четвртото место на табелата.

Фудбалерите на овој фудбалски клуб постигнале 30 погодоци, а примиле вкупно 23.

ФОТО: Кит Го - Тиверија - натпервар одигран во Пехчево

ФОТО: Кит Го – Тиверија – натпервар одигран во Пехчево

На последниот натпревар од есенскиот дел, одигран на 17 декември минатата година, Тиверија на домашен терен загуби со сигурни 0:2 од екипата на Напредок од с. Радово.

Пролетниот дел Тиверија го започнува со натпревар против Партизан Баш, на гостински терен, каде гостите се апсолутни фаворити за победа. Домаќините во овој натпревар се последнопласирани со само еден освоен бод, на вкупно 12 одиграни натпревари, и со сигурност по една помината сезона во Третата лига – Југоисток, ќе се вратат четвртата лига, општинска лига.

Comments are closed.