Напредок Радово како третопласирана екипа ќе го започне пролетниот дел

Екипата на Напредок од Радово како третопласирана ќе го започне пролетниот дел од сезоната. Напредок Радово по 11 одиграни натпревари во есенскиот дел од сезоната, има 8 победи и три порази, при што со вкупно 24 бодови се наоѓа на треттото место на табелата.

Napredok Radovo

Фудбалерите на Напредок имаат постигнато вкупно 33, а примено 18 погодоци.

На последниот натпревар од есенскиот дел од сезоната, одигран на 17 декември минатата година, Напредок Радово на гостувањето кај Тиверија забележа сигурна победа од 0:2.

Пролетниот дел фудбалерите на клубот од с. Радово ќе го започнат со дерби натпревар против Василево, на гостински терен. Овој натпревар ќе биде значаен и за двете екипи. Во случај на победа на Напредок, двете екипи ќе имаат ист број на бодови.

Comments are closed.