КК Струмица загуби убедливо од МЗТ Скопје

Кошаркарите на Струмица во 14. коло од кошаркарската Суперлига загубија убедливо од МЗТ Скопје со резултат од 96:54.

Трајковски постигна 17 коша за победа на МЗТ Скопје, додека листата на стрелци кај Струмичани ја предводеше Арсовски со 13 коша.

kosarka

По оваа убедлива победа МЗТ Скопје е на второто место на табелата, додека Струмица е на 11-тото место на табелата.

На врвот на табелата е Работнички, додека на последното, 12-то место е Шкупи од Скопје.

Во следното коло КК Струмица гостува кај Куманово, тим кој што е пласиран на високото четврто место. Оваа гостување ќе биде тешко за Струмичани, со оглед на тоа што Куманово е фаворит за победа.

Comments are closed.

Capture