Екипата на Василево од втората позиција ќе го стартува пролетниот дел

Екипата на Василево во есенскиот дел од сезоната, заврши на второто место на табелата со вкупно 27 освоени бодови. Фудбалерите на Василево одиграа вкупно 12 натпервари, од кои на девет натпревари победиле, додека на три натпревари загубиле.

FK Vasilevo 3

Во есенскиот дел, екипата од Василево има постигнато вкупно 49 погодоци, а примиле вкупно 24 гола.

На последниот натпревар од есенскиот дел, со резултат од 3:5 Василево ја победи екипата на Спартмани од Градско Балдовци.

Пролетниот дел од сезоната ќе го стартуваат на домашен терен, со дерби натпревар против Напредок од Радово, тим кој што е пласиран на треттото место на табелата со вкупно 18 освоени бодови.

 

Comments are closed.

POP