Беласица со реми на првиот контролен натпревар

Фудбалерите на Беласица ремизираа во првиот контролен натпревар пред почетокот на вториот дел од оваа сезона со 1:1 против екипата на Каменица Саса. Поделени во две постави, фудбалерите на тренерот Раде Цицмиловиќ иако беа подобрата екипа на теренот, сепак не успееа да ја совладат гостинската екипа.

Во првиот дел од натпреварот во стартната постава на струмичкиот клуб, зелено светло добија и фудбалерите од младинската шкоја, кои ја оправдаа укажаната можност да истрачат на теренот од страна на тренерот Цицмиловиќ.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Онаа што би требало да го напоменеме е тоа што беше досуден пенал за Беласица на почетокот од натпреварот, но нивниот фудбалер Миле Костовски, не успеа да го реализира од белата точка.

Беласица во вториот дел го отвори резултатот за 1:0, но фудбалерите на Каменица Саса за неколку минути го изедначија резулатот на 1:1, а тоа беше и конечниот резутат.

Беласица денес го игра вториот контролен натпревар против екипата на Банско од Бугарија.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Comments are closed.

POP