Беласица со нови засилувања, подготвена за првата лига

Фудбалскиот клуб Беласица ги престави новите засилувања за пролетниот дел од сезоната.

Првото засилување е Горан Здравков, кој доаѓа од Брегалница од Штип. Игра на позицијата офанзивен играч за врска и моментално е еден од најдобрите стрелци во Втората лига со 8 постигнати гола.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Играчите Александар Василев и Томе Јанев повторно се враќаат во Беласица. Доаѓаат од штипска Брегалница и двајцата играат на штоперската позиција.

Ново засилување Беласица има и на голманската позиција, тоа е Горан Пашовски кој доаѓа од прволигашот Пелистер.

Беласица исто така се засили и Мартин Мирчевски, кој преставува еден од најдобрите млади таленти во првенството, игра по крилните позиции, а доаѓа од прилепска Победа.

Како што информираат од фудбалскиот клуб Беласица на нивниот веб сајт, во моментот течат преговори и со уште неколку други фудбалери.

Comments are closed.

Capture