Академија Кукла од петтата позиција ќе го стартува пролетниот дел

Фудбалскиот клуб Академија Кукла од Куклиш, во есенскиот дел од сезоната одигра вкупно 12 натпревари, на кои забележа 5 победи, едно реми и шест порази, при што со вкупно 16 бодови е на петтото место. Фудбалерите на клубот од Куклиш имаат постигнато 24 погодоци, а примено вкупно 31 гол.

FK Akademija Kukla

На послениот натпревар одигран на 8 декември минатата година, Академија Кукла одигра нерешено на домашен терен 2:2 против екипата на Дојранско Езеро од Дојран, со што ја пропушти можноста да се искачи на четврттото место на табелата.

Пролетниот дел ќе го започнат со натпревар против Младост од Удово на гостински терен. Екипата на Младост од с. Удово е пласирана на осмата позиција на табелата со осум освоени бодови. Гостите на овој натпревар влегуваат како фавори, но останува да видиме да истата фаворитска улога ќе ја оправдат.

Comments are closed.

Capture