Извршени се контроли за загадување на воздухот во 19 правни субјекти

Инспекторот за животна средина во општина Струмица во изминатиот период вршеше континуирани контроли кај правните субјекти за да се утврди дали и колку го загадуваат воздухот во градот. Посебна контрола се вршеше и се уште се врши на инсталацијата која што служи за затоплување на работните простории, односно, дали се користи отпад што е забранет согласно важечките законски прописи.

26991821_1528380847215340_280478934925558582_n-Досега се извршени вкупно 19 контроли. Десет правни субјекти ( најголем дел од текстилната и прехранбената индустрија) се задолжени во одреден рок да извршат мерења во соодветни и лиценцирани лабаратории за емисијата на штетни гасови во воздухот, по што повторно ќе бидат исконтролирани од страна на инспекторот за животна средина, а кај 9 правни субјекти не се констатирани неправилности, рече Александар Оџаков секретар на општина Струмица.

Согласно овластувањата и надлежностите, општина Струмица продолжува со контролите кај сите потенцијални загадувачи во градот.

Comments are closed.

Capture