Бугарин и струмичанец криумчареле мигранти

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар Југ поднесе кривична пријава против Ј.Д.Ф.(35) од Р.Бугарија и И.А.(22) од с.Банско-струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“ по чл.418-б ст.2 од Кривичниот законик.полиција

Имено, пријавените на 21.01.2018 година во 04,30 часот во близина на с.Богородица во возило “Опел вектра“ со бугарски национални ознаки превезувале четири лица Х.И.(39), Б.А.(41), Ј.У.(32) и К.С.(20) мигранти од Турција, кои биле со илегален влез и престој во Република Македонија.

Пријавените движејќи се по локалниот пат во правец с.Богородица-Скопје со возилото запреле на паркинг во кругот на хотел во Гевгелија и кога забележале полициска патрола, И.А. се дал во бегство, додека Ј.Д.Ф. бил лишен од слобода. Од извршената контрола во возилото било утврдено дека во него се превезувале мигранти.

Пријавениот бил задржан во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, а мигрантите се спроведени до Прифатниот центар за странци-Гази Баба. Се превземаат мерки за пронаоѓање на И.А..    – пишува во дневниот билтен на МВР.

Comments are closed.