Aфоризми на Ацо Ѓоргиев – На чужда жена дете не се праа. Освен ненамерно.

11236469_971434466220463_2205802674850855789_n Убавината на жената не е само во нејзините нозе.

Има и нешто измеѓу.

*

На чужда жена дете не се праа.
Освен ненамерно.

*

Тој што рекол дека сите жени се исти сигурно била жена.

Од завидл’к.

*

Секоја жена е ковач на сопствената среќа.
Треба само добро да умее со чукот.

*

Ја сакаше безрезервно.

А потоа си најде и резерва.

*

Во секоја жена гори оган.
Од мажот зависи дали на него ќе се грее или ќе се пржи.

*

Жените се како ракиите.
Секоја различно опива.

*

Фаќањето кривини во поледно време е нормална појава.
Модерниот живот е комплициран лавиринт.

*

Успевам да врзам крај со крај,
ама ми се кине на средината.

Comments are closed.

Capture