НЕПОВТОРЛИВО-THE PRODIGY Tribute за Карневалот во клуб Платинум

Клуб Платинум штотолку го најави долго очекуваниот настап на легендарните THE PRODIGY Tribute. За време на карневалската вечер во Струмица, клуб Платинум припрема одлична журка. Познати по своите настапи ширум Европа, оваа група успешно го доловува вистинскиот перформанс на легендарните Кеит Флинт, Лиам Ховет и Максим од The Prodigy кои направија вистински бум почнувајќи од деведесетите па се до ден денешен и се запишаа во историјата на музиката како едни од најдобрите рејв-електроника и техно изведувачи. Најпознатите хитови како “Smack My Bitch Up’,  ‘No Good (Start the Dance), ‘Omen’,  ‘Breathe’, ‘Firestarter’,  ‘Out of Space’ кои долго време се задржуваа на топ 3 местата од светските музички листи струмичани ќе имаат премиерна можност да ги слушнат од изведбата на  THE PRODIGY Tribute за време на овогодинешниот карневал во Струмица.

 

26730611_10155945993379043_792556885619145812_n (1)

Забава која што не се пропушта! Бидете таму! Клуб Платинум!

Резервации и информации: 070 639 526

 

Comments are closed.

Capture