Општина Струмица и „Комуналец“ започнаа со чистење на каналите

Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започнаа со чистење на каналите за прифаќање на атмосферските води на територијата на Општината. Оваа акција стартуваше со чистење на каналот Свети Илија и коритото на реката Тркајна кон населените места Градско Балдовци и Сачево. Од „Комуналец“ велат дека ќе бидат опфатени сите поголеми канали на територијата на општина Струмица, а целта е подобрување на протокот на атмосферските води и намалување на опасноста од поплави.26814731_1519572734762818_187379873925198113_n 26814914_1519572731429485_3709072414746824932_n

Comments are closed.