Двајца баничане истепале вработен во казино

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.В. (22) и И.Ѓ. (19), двајцата од с.Баница, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 22.12.2017 година, поради нарушен јавен ред и мир во казино, пријавените биле остранети од вработен во агенција за обезбедување.rulet

Потоа, пријавените во непосредна близина на казиното, го нападнале вработениот, удирајќи го по телото со раце и нозе, при што му нанеле видливи телесни повреди.

Comments are closed.

Capture