Во февруари нов балкански стенд-ап со Сашко Коцев и пријателите во Струмица

На 2 февруари во Струмица ќе гостуваат четири стенд-ап комичари. Сашко Коцев и Никола Тодороски од Македонија заедно со нивните пријатели Ана Тодоровиќ и Никола Силиќ од Србија ќе ја забавуваат струмичката публиката во големата сала во НУЦК „Антон Панов”. zaobjava

Во Струмица тие ќе настапат со комплетно нов материјал подготвен за новиот проект „ЧЕТИРИ ПАДЕЖИ”.

„Цената на влезниците за балканскиот стенд-ап ќе биде 250 денари и ќе може да се набават во текот на наредната недела. Точните термини и продажните места ќе бидат дополнително објавени.”, велат од агенцијата EVENTUM која е организатор на настанот.

Comments are closed.