ФК Беласица ги започна зимските подготовски за вториот дел од сезоната

Фудбалскиот клуб Беласица на стадионот „Младост“ ги започна зимските подготовки кои треба да донесат остварување на целите во вториот дел од сезоната.

Целта на овој струмички клуб е да се освои првото место во шампионатот, со што Беласица ќе се врати во Првата македонска фудбалска лига, а за оваа цел влијание ќе имаат подготовкте кои „плаво-белите“ ќе ги одработат во Струмица и Дојран во Хотел „Истатов“.

Според агендата, фудбалерите на Беласица ќе тренираат во Струмица до 29 јануари, а потоа заминуваат во хотел „Истатов“ во Дојран каде таму ќе тренираат десет дена.

Trening Belasica 10.01.2018

Беласица веќе ги закажа пријателските натпревари против три домашни екипи, Саса од Каменица, Кит-Го од Пехчево и Работички, но исто така се закажани и меѓународни пријателски натпревари со Крагујевац од Србија, Беласица Петрич од Бугарија и Динамо Врање од Србија. Од струмичкот клуб не ја исклучуваат можноста да се одиграат уште два до три додатни натпревари.

Првиот тренинг екипата го одработи пред два дена, а на овој прв собир веќе присуствуваа засилувањата Горан Пашовски од Пелистер, Мартин Мирчевски од Победа и Александар Василев од штипска Брегалница. На спротивната страна, пак, си заминаа Ванче Манчевски, Костадин Џинов, Јованче Трајковски и Александар Багашовски.

Тренерот Раде Цицмилович како што пренесува сајтот на фудбласкиот клуб Беласица изјави дека покрај новите тројца фудбалери, треба да пристигнат уште две имиња кои ќе бидат од големо значање за остваривањето на зацртаните цели.

Comments are closed.

Capture