Прволигашот Академија Пандев ги започна подготовките

Според планот, екипата ќе тренира во својата тренинг база до 19 јануари. Главниот дел од подготовките ќе се реализира во Анталија каде екипата ќе отпатува на 20 јануари и ќе остане до 4 февруари. Планот е таму да се одиграат седум натпревари, а пет од нив се веќе закажани. Противници се: Младост Лучани од Србија, Енисеј од Русија, Сумкајит од Азербејџан, Приштина од Косово и Ниреѓихаза од Унгарија. Другите два противника дополнително ќе бидат договорени.

ak-pandev1

По враќањето фудбалерите на Академија Пандев подготовките ќе продолжат во Струмица до 14 февруари кога гостуваат кај Шкупи.

Досега тимот се засили само со еден фудбалер и тоа Томислав Илиев.

 

 

Comments are closed.

Capture