Премиерот Заев на втор ден Божик заедно со штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска е меѓу штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.

1 (2) (1)Со заедничкото одбележување на вториот ден од големиот верски празник Божик, продолжува традиционалното тринаесетгодишно пријателство помеѓу претседателот на Владата, Заев и штитениците, деца и возрасни, згрижени во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.

Средбата помина во празнична атмосфера, низ опуштен другарски разговор, со оглед дека зад ова пријатество се наоѓаат поминати заеднички единаесет новогодишни ноќи и ланскиот Божик.1 (3) (1)

Штитениците од Заводот му се заблагодарија на премиерот Заев за неговата истрајна верба и заложбите да им помага, додека беше градоначалник на општина Струмица, што продолжува и денес, кога тој е претседател на Владата на Република Македонија.

На Божикната средба се споделени размислувања како ќе се подобрат условите за живот на штитениците во Заводот во Банско и за поефикасно остварување на нивните социјални права.1 (4) (1)

Премиерот Заев им соопшти дека на ова веќе се работи во Министерството за труд и социјална политика, а во насока на нивна подобра заштита, нега и грижа, дека се разгледуваат можностите за зголемување на бројот на болничари и хигиеничари во Заводот.

Она што е нагласено од страна на штитениците во Заводот во Банско, на средбата со премиерот Заев е значењето на примерот што го дава премиерот Заев во општеството, низ искреното пријателство со нив, а кој што испраќа порака на еднаквост на сите граѓани во Република Македонија.1 (5)

Определбата на Владата да обезбеди еднакви можности за сите граѓани во државата носи заедничка среќна иднина на сите во Република Македонија, заклучено е заеднички на денешната празнична средба на премиерот Зоран Заев со штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.1 (6) 1 (7)

Comments are closed.