Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод верскиот празник Божик – Рождество Христово

Kosta JanevskiДраги мои сограѓани – почитувани Христијани,

            Една народна поговорка вели: „Кај и да си, за Бадник и Божик  дома да си“.  Се надевам дека ова мое претпразнично обраќање до Вас, ќе ве затекне дома во кругот на вашите семејства,  меѓу ближните и саканите, во убаво расположение, какво што доликува на празникот кој со радост го очекуваме. Постојат денови кои ни ја топлат душата и не потсетуваат на нашите христијански корени, корени кои ни дават до знаење дека сме Божји чеда.

            Бадник – предвесникот на Рождеството Христово и Божик  како еден од двата најголеми  празника во христијанскиот свет, нека бидат и понатаму нешта во кои ќе го пронајдеме смисолот на нашата вера и постоење. Во овие празнувања се наоѓа суштината на семејните вредности. Тука се и љубовта, добрината и милосрдието. Има ли поубав повод  од овој, повторно да си посакаме, тие нешта да бидат дел од нас за вечни времиња.

            Драги  сограѓани, возљубени во Христа, бидете живи, здрави, среќни и весели. Божјата промисла нека ви дарува  хармонија во вашите домови и топлина околу семејната празнична трпеза.

            Нека  е благословено  Христовото раѓање, нека Ви е за многу години празнувањето.

Comments are closed.

POP