Првото бебе во новата 2018 година во Струмица е машко

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, ноќеска го посети првото бебе родено на самиот почеток на Новата година во струмичката болница. Му подари штедна книшка со 20 илјади денари и му посака да биде живо и здраво, да расте големо, среќно и весело, да биде вреден граѓанин на Општината и од мало да се научи да штеди. Бебето е машко, втора рожба на Сања Христова од селото Дабиле. Градоначалникот Јаневски на мајката и посака многу здравје, лична и семејна среќа.Capture

Comments are closed.

Capture