Како МУРТИНО го добило името?

Селото Муртино за прв пат се споменува во еден турски пописен дефтер од 1519 година.

Според преданијата и легендите, оваа населба потекнува од почетокот на турското владеење во струмичката област.
Во дамнешно време, кажува една од нив, во селото живеал некој јак, силен маж, со прекар Муртин (или Муртат).
Така го викале неговите соселани поради тоа што бил секогаш сериозен и намуртен (намрштен). Османлиите од него стравувале, особено беговите, а македонското население во него гледале на заштитник од насилниците и од натрапниците, од одметниците, од султанската власт…

Во знак на долго сеќавање на силниот и нестрашливот Муртин, населбата ја нарекле Муртино.

42820616

Според некое преданије, се препоставува дека зборот „Муртино’’ е изведен од турскиот збор „мурдар’’, во значење на „нечисто место’’ (мочурливо место) кое било седело на комарци кои се причинители (носители) на болеста маларија. Од зборот „мурдар’’ или „мурдари’’, односно „муртари’’ по некаква аналогија е добиено името Муртино.

Текстот е напишан по книгата „Имињата на населби во струмичко’’ од Костадин Кајдамов.

Comments are closed.

Capture