Кривични пријави за двајца струмичани осомничени за затајување на данок

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Ш. (30) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Имено , Д.Ш. во текот на 2016 година остварил приход во висина од 1.490.391 денари, кои што го примил преку брз трансфер на пари, при што не платил  данок кон државата. На тој начин го оштетил буџетот на Република Македонија за 149.039 денари.wpid-полиција-41-.jpg

СВР Струмица поднесе кривична пријава и против  М.А. (29) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. М.А. во текот на 2016 година остварил приход во висина од 1.502.583 денари, кои ги примил преку брз трансфер на пари,  при што  не платил данок кон државата. На тој начин го оштетил буџетот на Република Македонија за 150.258 денари.

Comments are closed.