Се одржаа завршни настани од Проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“ во училиштата „Маршал Тито“ „Сандо Масев“ и „Даме Груев“

Учениците од трето одделение во општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица, преку едукативен новогодишен квиз и забавно-рекреативна програма, реализираа заедничка активност, како завршен настан за крајот на првото полугодие. Оваа активност во корелација од повеќе наставни предмети и во координација на повеќе наставници е реализирана како дел од активностите од Проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци. Преку компјутерска апликација, учениците одговараа на повеќе прашања, поставени тројазично, на македонски, турски и англиски јазик. Победници беа сите, со меѓусебно дружење и игра и песна, учениците на присутните родители и гости им посакаа среќни новогодишни и божиќни празници. 26114101_1501386966581395_7432148390496271863_n
Со финансиска поддршка на општина Струмица, заедничка активност од овој проект реализираа и учениците од ООУ „Сандо Масев“ и ООУ „Маршал Тито“ од Струмица насловена „Меѓуетничко другарство“ во која учениците се запознаа со нови другарчиња од друга националност и го продлабочуваа другарството преку игра, изработка на одделенска заедничка книга, изработки на работни листови поврзани со темата и фотографии од заедничките посети.
Со финансиска поддршка на општина Струмица завршен настан за првото полугодие беше реализиран и во основното општинско училиште „Даме Груев“ од Куклиш.26024046_1501386686581423_6019050935747812544_o 26116153_1501386683248090_3586599109408593101_o 26165917_1501386679914757_2699510165217478018_n

Comments are closed.