Во ЕКО акцијата за генерално чистење на градот собрани се вкупно 1.358 метри кубни отпад

Во ЕКО акцијата за генерално чистење на градот што ја организираа општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, беа собрани вкупно 1.358 метри кубни разновиден отпад. Во акцијата која се спроведе од шести до 24 декември беа опфатени улиците, јавните површини во три реони во градот и дивите депонии, а чистењето се вршеше рачно и со механизација. Организаторите се задоволни од успешно завршената акција затоа што во неа успеаа да подигнат 1.358 метри кубни отпад, што е многу повеќе од пролетната акција во која беа собрани вкупно 744 метри кубни отпад. Но, за жал истовремено се и разочарани од појавувањето на истите проблеми, односно, јавните површини, посебно дивите депонии, повторно се полнат со отпад.26063468_1501491226570969_1979316883957330624_o
Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ упатуваат уште еден апел до граѓаните за посовесно однесување и поголема грижа во заштитата на животната средина. Наместо да го фрлаат отпадот било каде, можат да се јават во „Комуналец“ на телефонскиот број 034 325 909 по што истиот ќе биде подигнат од вработените во Јавното претпријатие.26114506_1501491236570968_1973553368397156925_o

Comments are closed.

Capture