Учениците од мешан етнички состав во ООУ „Никола Вапцаров“ реализираа интеркултурна комуникација

Ученичката секција „Музички фолклор“ во општинското основно училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица, формирана во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци, реализираше планирана активност за меѓусебно запознавање и интеркултурна комуникација на учениците од мешан етнички состав.

106_8768Преку разработена алатка-интервју со демократско учество на учениците, беа осмислени повеќе прашања од секојдневниот живот во училиштето, традицијата, желбите и интересите од областа на филмот, спортот, музиката, културата, исхраната и други прашања. Учениците во парови на македонски и турски јазик меѓусебно поставуваа прашања и одговараа, изработуваа кратко портфолио за другарчето и ги согледуваа сличностите и разликите во областите за кои се интересираа. Според акциониот план на секцијата, целта беше остварена, меѓусебно дружење, социјализација и чувство на припадност на проектниот тим, во корелација со повеќе наставници од различни наставни предмети.106_8774

Во овој проект, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието на РМ, со поддршка од градоначалникот и Советот, општина Струмица повеќе години наназад е успешен партнер, со исполнување на стратешките приоритети за унапредување на меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација во локалната заедница.

Comments are closed.

Capture