ПРЕДНОВОГОДИШНО СО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ: САКАВ ДА УЧАМ, АМА И ДА ВОЗАМ МОТОР ПО ПЛАНИНИТЕ!

Премиерот Зоран Заев во интервју за Факултети.мк раскажува за неговите студентски денови, за омилените предмети во училиште, но отворено кажува и што му пречи во денешното образование. Вели дека е на страната на учениците и смета дека кога тој бил ученик, сите биле далеку порастоварени. „Не може по цел ден децата да бидат на училиште и да имаат огромен број предмети, па сакаме да ни се весели и спокојни“, вели тој. 20171227-prednovogodishno-so-premierot-zoran-zaev-sakav-da-ucham-ama-i-da-vozam-motor-po-planinite-m

- Сакав да учам. Ама сакав и да другарувам, сакав и слободно време за работи што ми значат, до денес. На пример, возење мотор. На почетокот гледав, читав за тоа, потоа почнав и да возам, па и по планините – вели премиерот Зоран Заев во предновогодишното интервју за Факултети.мк. Тој раскажува каков ученик бил, што го интересирало додека студирал, како си ги остварил соништата. Економскиот факултет во Скопје го студирал со голема желба да научи, а не со мисла „што ќе стане“ во животот. Вели дека секогаш е на страната на учениците и на младите.
- Сакаме да ве мотивираме да учите, да работите и да живеете во Македонија, вели Заев.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк.

Comments are closed.

Capture