Градоначалникот Јаневски на промоција на проект на ООУ „Сандо Масев“

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, беше меѓу посетителите на промоцијата на проектот „Учење транслација, ротација, симетрија со користење дигитално ЦД и од истото изработено уметнички фигури“ која што се одржа во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“. Во промоцијата учествуваа учениците од шесто одделение кои го презентираат процесот од почеток до финален продукт „Украсно ЦД“, а средствата од неговата продажба се наменети за хуманитарни цели. Учениците од деветто одделение ја изведоа театарската претстава „Дневникот на Марта“ во режија на Кире Ѓоргиев, со која ООУ „Сандо Масев“ освои две награди на интернационален натпревар во Србија.25994908_1499771033409655_5920368798402715903_n 26056032_1499771026742989_2754832635917853419_n 26112130_1499771036742988_2128629810524489347_n 26114051_1499771380076287_4229974503164221988_n

Comments are closed.