Учениците од основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ реализираа заедничка активност со поддршка од општина Струмица

Во рамките на финансиската поддршка која општина Струмица ја обезбедува за активности од меѓуетничката интеграција во образованието, ученици во мешан етнички состав од основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица, реализираа проектна активност во корелација и координација на наставните предмети: етика, граѓанско образование, историја, информатика, музичко и ликовно образование.25507790_1496114000442025_7230306272617238261_n
Во процесот на активноста, учениците се запознаа со народните ора од различни култури, ги научија деловите на народните носии од македонскиот и турскиот фолклор, го збогатија своето искуство со заеднички ора и песни и преку цртање учеа за разноликоста на фолклорот.
Во присуство на претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, претставници од општина Струмица и училиштето, учениците приредија прекрасен фолклорен сплет од македонски и турски ора и песни, со што го прикажаа креативното изразување за народното творештво и културно богатство на македонската и турската заедница.25507795_1496113997108692_7045452707818547693_n 25550365_1496114117108680_4201401962185813405_n 25659336_1496114110442014_6201542453884849213_n 25994619_1496113993775359_8602492960840797259_n

Comments are closed.

Capture