Се одржа Јавна дискусија за креирање квалификувана работна сила согласно потребите на бизнис заедницата

Во организација на Локалниот економски совет од општина Струмица и Агенцијата за вработување-Центар за вработување од Струмица, во присуство на претставници од средните општински училишта и заинтересирани работодавачи, се реализираше јавна дискусија за обезбедување квалификувана работна сила согласно потребите на бизнис заедницата и пазарот на трудот. Присутните проследија презентации за „Пилот обука за задоволување на локалните потреби од квалификувана работна сила“, „Стручни образовни програми на средните општински училишта“ и „Можности за отварање на нови стручни образовни програми согласно потребите на работодавачите“.25507999_1495242437195848_2902909983622888015_n
Општина Струмица во својата стратегија за развој на образованието има стратешки приоритети кои обезбедуваат перспектива согласно потребите на пазарот на трудот, особено преку развој на знаењaта, вештините и интегритетот на учениците низ воспитно-образовните процеси, воспоставување современи услови и практики во образовниот систем на Општината, зголемување на инвестициските вложувања во образованието преку интеракција со бизнис-секторот за потребите на пазарот на трудот, зголемување на атрактивноста на средните стручни училишта и интегрирање на локалните потреби за образование во воспитно-образовниот систем.25498166_1495242440529181_6801050355898688937_n 25498461_1495242433862515_6301736220484382885_n

Comments are closed.

Capture