Советот на Општина Струмица ќе ја одржи петтата седница во среда

Советот на општина Струмица в среда (27.12.2017) со почеток во 11 часот во домот на АРМ ќе ја одржи 5-та седница со следниот дневен ред:совет2017

Предлог – Програма  за работа на Советот на општина Струмица за 2018 година;

  1. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2018 година;
  2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2018 година;
  3. Предлог –Програма  за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2018 година;
  4. Предлог- Програма за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2018 година;
  5. Предлог-Програма за активностите на општина Струмица во областа на  меѓународна соработка за 2018 година;
  6. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2018 година;
  7. Предлог-Програма  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2018 година;
  8. Предлог – Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2018 година;

10. Предлог – Програма за поставување урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2018 година;

11. Предлог-Програма за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2018 година;

12. Предлог-Програма за одржување на јавната чистота во 2018 година;

13. Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на  подрачјето на општина Струмица  за 2018 година;

14. Предлог – Програма  за активности  во областа на заштитата на  животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2018 година;

15. Предлог -Програма за заштита од штетно дејство на водите за 2018 година;

16. Предлог – Програма за решавање на проблемот со бездомните кучиња на подрачјето на Општина Струмица за 2018 година;

17. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2018  година;

18. Предлог-Програма  за активностите на Општина Струмица  во областа на образованието во 2018 година;

19. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во  областа на спорт и млади во 2018 година;

20. Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната   и детската заштита во 2018 година;

21. Предлог – Програма   на општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2018  година;

22. Предлог-Програма за одбележување на годишнини  на значајни настани и истакнати личности во 2018 година во Општина Струмица;

23. Предлог – Програма  за активностите на Општина Струмица  во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и  справувањето со кризи во 2018  година;

24. Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2018 година;

25. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми  за распределба  на блок дотацијата за основното образование за 2018 година;

26. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2018 година;

27. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници  за 2018  година;

28. Предлог – Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2018 година;

29. Предлог-Одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Струмица  од сите ризици и опасности;

  1. 30.  Информација за функционирањето на системот за управување со кризи (ЦУК и РЦУК – Струмица);

31. Извештај за реализацијата на Струмичкиот карневал  – 2017година;  и

  1. Програма за подготовка и реализација на Струмичкиот карневал – 2018 година;

33. Предлог – Решение за разрешување и избор на членови во Организациониот одбор на Струмичкиот карневал;

34. Предлог –Одлука за донесување на Оперативен план  за заштита и одбрана од поплави  за загрозените подрачја во Општина Струмица;

35. Предлог – Одлука за усвојување на Регионален план за интегриран систем за управување со отпад  во Југоисточниот плански регион;

36. Програма за работа на ЈПЕД „Струмица –гас”  за 2018 година;

37. Програма за работа на ЈП „Паркиралишта-Струмица”  за 2018 година;

38. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец” Струмица за период 1 – 9 месец  2017 година;

39. Програма за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за  2018 година;

40. Предлог-Решение за избор на командир на Полициската станица од општа надлежност – Струмица;

41. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6729 КО Вељуса;

42. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3373/1  и 2573 КО Банско; и

43. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3602 КО Дабиља.

Comments are closed.

Capture