Претседателот на Советот Марјан Даскаловски ја отвори изложбата „Креативност и претприемништво“

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, денеска, ја отвори изложбата на креативни достигнувања во рамките на проектот „Мрежа за креативно претприемништво“ во организација на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Струмица.25395772_1492698570783568_6825284677968128083_n

-Имам голема чест што денеска сум овде со Вас, на овој прекрасен настан насловен „Креативност и претприемништво“. Од мое лично име и од името на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, ја поздравувам Вашата идеја за овој проект во кој се вклучени Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Струмица и Бизнис инкубаторот Гоце Делчев од Република Бугарија, а финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Овој проект е уште една потврда дека креативноста и претпримеништвото не познаваат граници, напротив, ги отвораат и ги сплотуваат идеите создавајќи креативни продукти од повеќе области достојни за почит. Ја користам оваа прилика да потврдам дека општина Струмица во рамките на своите можности и надлежности и понатаму ќе ја продолжи својата максимална поддршка на малите и средни претпријатија. Ќе го дава својот влог во создавањето поволна бизнис клима во која креативноста на малите и средни претпријатија ќе создава големи дела и ќе ги јакне пријателските односи со соседите, рече Даскаловски.25395863_1492698437450248_4549386305142279263_n

Comments are closed.