Градоначалникот Јаневски се сретна со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска, се сретна со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар. 25395794_1492659514120807_7913401280718670541_nНа средбата, на која присуствуваа и нивните соработници, градоначалникот Јаневски од негово лично име и од името на граѓаните на општина Струмица се заблагодари за реализацијата на проектот Пречистителна станица за отпадни води, потенцирајќи дека овој проект е од огромно значење не само за општина Струмица, туку и за регионот и изрази подготвеност за продолжување на соработката.
Амбасадорот Жбогар го потенцираше задоволството што токму во Струмица се одржа промоцијата на првиот од четирите вакви проекти во Македонија, а преку кој граѓаните можат да видат како Европската Унија и помага на Република Македонија.
На средбата се разговараше за актуелните проблеми на Општината и можностите тие да се решат со финансиска поддршка од фондовите на ЕУ.25395776_1492659520787473_4651785081897263741_n

Comments are closed.

Capture