Јаневски:Имам голема желба и сериозна намера за решавање на инфраструктурните проблеми во Софилар

„Ќе го забрзаме процесот на легализација на бесправно изградените објекти во месноста Софилар. Жителите конечно ќе ги уживаат бенефитите од урбанизацијата со патна, водоводна и канализациона инфраструктура и јавно осветлување“, ова беше едно од ветувањата во предизборната кампања на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски. Два месеца по ова ветување, тој започна со негова реализација.25395877_1490671824319576_5164671796892418613_n

Синоќа во големата сала на домот на АРМ, градоначалникот Јаневски со своите соработници, одржа собир со граѓаните од месноста Софилар, односно, од блоковите 39 и 40. Целта на собирот беше да се нотираат проблемите со урбанизацијата на бесправно изградените објекти, односно, да се забрза тој процес за да може да се донесе деталниот урбанистички план и потоа да се изгради целокупната инфраструктура која ќе им обезбеди подобри услови за живот на жителите од овој дел на градот.

-Имам голема желба и најсериозна намера да го решам проблемот во Софилар и затоа го иницирав овој собир. Истата желба ја имате и вие. Затоа, апелирам да го завршите легализирањето на бесправно изградените објекти по итна постапка, во која ќе ја имате и нашата помош, за да можеме потоа ние, како Општина, да си ја завршиме нашата работа, рече Јаневски.25299001_1490671814319577_4591766229741760123_n

По дискусиите на присутните во кои акцентот беше ставен на брзо решавање на проблемот, се донесе заклучок до крајот на годината да се достават елаборатите за да може по брза постапка да се легализираат бесправно изградените објекти, а веднаш потоа и постапката за донесување на деталниот урбанистички план за блоковите 39 и 40.

Comments are closed.

Capture