КК Струмица против КК Гостивар

Екипата на КК Струмица во натпревар од 10. коло од Првата кошаркарска македонска лига, ќе го пречека КК Гостивар на домашен терен.

Струмичкте кошаркарки во моментот се наоѓаат на претпоследното 11. коло на табелата, со вкупно 10 бода. Во досегашниот тек од сезоната струмичани имаат забележано 8 порази и една победа, против Пелистер на гостински терен со резултат од 76:86.

kosarka

КК Гостивар моментално е пласиран на високото четврто место на табелата со вкупно 15 бодови, што практично е на делбата на третата позиција, бидејќи исто така 15 бода има и МЗТ Скопје.

Кошаркарите од Гостивар во досегашниот тек од сезоната имаат забележано 6 победи и три порази.

Натпреварот се игра во недела со почеток од 17:00 часот во Струмица.

Comments are closed.