Четири основни и едно средно училиште од Струмица вклучени во Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Под мотото „Денешните млади се утрешните лидери“, на заедничка средба со претставници од пилот училишта од 9 општини, во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, од општина Струмица учество зедоа и претставници од основните општински училишта „Сандо Масев“, Маршал Тито“, Никола Вапцаров“ и „Маршал Тито“ од село Муртино и претставник од средното општинско училиште „Јане Сандански“.25182417_1488684534518305_2187392209792159489_o
Од тимот на Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, присутните на средбата беа запознаени со трите взаемно меѓусебно поврзани компоненти: за зајакнување на меѓуетничката кохезија во образовниот систем, зајакнување на граѓанската култура и однесување кај младите на училишно и локално ниво и реновирање на училиштата, како стимул за активните училишта и заедници. Беа презентирани и пакетот документи за аплицирање за мали грантови за заеднички ученички активности и иницијативи и пакетот документи за грантови за реновирање на училиштата, со утврдениот рок за аплицирање најдоцна до 27 декември оваа година.
Општина Струмица како и досега, активно ќе учествува во поддршката на овие активности, со финансиски и друг придонес за остварување на целта за подобрување на содржините од граѓанското образование, вештините и однесувањето и практиката на волонтерство на младите во училиштата и на локално ниво.25351949_1488684747851617_7109865511499651042_o

Comments are closed.

Capture