Василево домаќин на Напредок Радово

Екипата на Василево во недела на домашен терен ќе го пречека Напредок од Радово, во натпревар од 14. коло од Третата лига Југоисток.

Овој натпревар ќе биде дерби на колото, а Василево влегува како благ фаворит за победа, поради тоа што игра во подобра форма, и тоа што игра на домашен терен и пред своја публика.

FK Vasilevo 3

Василево е второпласирана екипа на табелата со 37 бодови, во случај на победа над екипата од Радово, Василево бодовната разлика ќе ја намали на шест. Во случај гостите да победат, тогаш тие ќе останат третопласирани, но со бодовна разлика во однос на второпласираниот Василево на три бода.

 

Comments are closed.

Capture