Идната недела ќе се санира потпорниот ѕид на улицата „Првомајска“

Надлежните служби во општина Струмица интензивно работат на решавањето на проблемот со потпорниот ѕид на улицата „Првомајска“. По неговото рушење од обилните дождови пред десетина дена и увидот од страна на градоначалникот Коста Јаневски и службите, се распиша јавна набавка по итна постапка за санација на поројот (коритниче). На вчерашното отворање од пристигнатите три понуди за најповолна беше избрана понудата на фирмата „Џови компани“ ДООЕЛ од село Мокриево. Со оваа фирма договорот ќе биде склучен на 19 декември откако ќе поминат сите рокови за жалба, по што ќе започне санацијата, а рокот за изведба е 30 дена.1 (1) 2

Comments are closed.

Capture