Општина Струмица го осудува труењето на кучињата и ги охрабрува надлежните да ги казнат сторителите

Во последните денови на неколку локации во градот забележана е појава на труење на кучиња. Општина Струмица најостро ја осудува оваа нехумана постапка и ги охрабрува надлежните да ги пронајдат сторителите и со нив да постапат согласно важечките законски прописи.24993458_1486907201362705_6267818509968049292_n
Истовремено, апелира до сопствениците на кучиња да покажат поголема одговорност и почитување на законските правила и прописи во нивното одгледување.
Имајќи ја в предвид сериозноста на проблемот со кучињата скитници, општина Струмица ги информира граѓаните дека работи на трајно решавање на истиот преку изградба на стационар за бездомни кучиња.
Инаку, од 2015 година општина Струмица спроведува хуман третман кон кучињата скитници, согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.

Comments are closed.

Capture