Градоначалникот Јаневски присуствуваше на завршните настани од одбележувањето на Денот на заштитниците

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, и синоќа беше меѓу граѓаните на завршните настани во рамките на програмата со која годинава се одбележа Денот на заштитниците на Струмица, Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици. 24993101_1486846368035455_7174332175522066226_nВо изложбениот салон на Музејот присуствуваше на промоцијата на книгата со фотографии „МОНОС“ и изложбата од Александар Дончев а во центарот за култура „Антон Панов“ на заедничкиот годишен концерт на Распеани струмичани и ансамблот „Тримери“. Покрај Јаневски, присуствуваа и својата поддршка ја дадоа претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и членови на истиот.24993138_1486846361368789_8329990644815155190_n

Comments are closed.

Capture